Прва лигаФудбал

Бафто ќе ја дели правдата меѓу Арсими и Силекс, Качевски главен во Ѓорче!

Сподели
Сподели

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 4. коло на Првата македонска фудбалска лига, освен мечот меѓу Работнички и Шкендија кој ќе се одигра во друг вонреден термин.

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртата рунда на фудбалската елита на Македонија.

Колото се отвара утре во Струмица со мечот меѓу Шкупи и Вардар, а главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје. Негови помошници ќе бидат Вјолца Изеири од Гостивар и Дарко Јовчевски од Тетово.

За четврт судија е делегиран Крумислав Ѓоргиев од Штип, додека пак во ВАР собата ќе бидат Александар Урошевиќ и Фуркан Идризи од Тетово, а оператор за повторување на снимката ќе биде Дејан Костовски од Скопје.

Делегат на мечот ќе биде Митко Бојаџиев од Чешиново, а Бранко Манојлоски од Берово ќе биде контролор. Комесар за безбедност на ФФМ ќе биде Зоран Саздов од Скопје.

Во сабота на програмата ќе бидат два меча. Арсими во Гостивар ќе го пречка Силекс, а во меч каде правдата ќе ја дели Фатмир Бафто од Охрид. Негови помошници ќе бидат Давор Цветаноски од Кичево и Имран Абази од Ново Село, Боговиње, тетовско.

Четврт судија на натпреварот ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а во ВАР собата ќе бидат прилепчаните Влатко Илиоски и Борис Трајков. Оператор за повторување на снимката ќе биде Растко Ѓурѓевиќ од Крушевац.

Благојче Ангелевски од Битола е делегиран за делегат, а за контролор Илир Сеља од Струга.

Во Куманово каде ќе играат Башкими и Струга Трим Лум главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Скопје, а негови помошници ќе бидат Даниел Василевски од Скопје и Мартин Дејаноски од Кичево.

За четврт судија е делегиран Ндерим Тефику од Куманово, додека пак ВАР судија ќе биде Благојче Ралевски од Битола, а АВАР судија ќе биде Владимир Митревски од Битола.


Оператор за повторување на снимката ќе биде Виктор Васев од Скопје, делегат ќе биде Алајдин Асани од Градец, а пак Никола Караколев од Штип ќе биде контролор.

В недела Тиквеш во Кавадарци ќе биде домаќин на Брера од Струмица, а главен судија е Пларент Салихи од Тетово со неговите помошници Елена Соклевска Илиевски и Филип Ицковски од Скопје.

Александар Урошевиќ од Тетово е четврт судија, а во ВАР собата се Игор Стојчевски и Дарко Видиниќ од Скопје.

Растко Ѓурѓевиќ од Крушевац е оператор за повторување на снимка. Горан Михајловски од Скопје е делегат, а пак Марјан Кировски од Скопје е контролор.

Македонија ЃП на домашен терен ќе игра против Пелистер, а за правдата е задолжен Јован Качевски од Струга. Негови помошници ќе бидат Разме Бакрачески и Климент Ристоски од Струга, додека пак за четврт судија е делегиран Бењамин Ќерими од Скопје.


ВАР судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а пак АВАР судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово. Оператор за повторување на снимката ќе биде Петар Стојановски од Скопје, делегат е Гоце Ефтимов од Скопје, а пак Александар Ставрев од Скопје е контролор.

За мечот Работнички и Шкендија дополнително ќе се делегираат официјални лица, а сите натпревари започнуваат во 16:30 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од 16. коло на Првата лига се игра на Градскиот стадион во...

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со кој се затвара есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Двете...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од...

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со...

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!