КупФудбал

Љуботен во Купот како домаќин против Македонија ЃП ќе игра во Ѓорче!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Третолигашот Љуботен во првата фаза од Купот ќе се соочи со прволигашот Македонија ЃП. Разликата во квалитетот е голема и повеќе од јасно е дека „лавовите“ од Ѓорче се изразити фаворити, па се очекува без проблем да триумфираат и да се пласираат во следната рунда.

Сепак, мечот нема да се одигра во Тетово, туку на стадионот во Ѓорче, што значи дека Љуботен ќе биде формален домаќин, а Македонија ЃП формален гостин, иако „лавовите“ практично ќе играат на свој терен.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, главен судија на натпреварот ќе биде Никола Петковски од Куманово. Негови помошници ќе бидат Александар Ѓурковски и Станко Митровиќ, исто така од Куманово, додека четврти судија ќе биде Дарко Стојчевски од Скопје. Натпреварот е закажан за утре (вторник) со почеток во 16 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!