Останато

Викендов во Крушево стартува деветтото издание на FIS Rollerski Cup „Тоше Проески“

Сподели
Сподели

Оваа сабота и недела во Крушево ќе се одржи деветтото издание на FIS Rollerski Cup „Тоше Проески“, меѓународен натпревар во ролерски скијање, во организација на Скијачката федерација на Македонија.

Натпреварите ќе се одвиваат на регионалниот пат Кривогаштани – Крушево, во повеќе дисциплини за различни возрасни категории. Сениорите (мажи и жени) ќе се натпреваруваат на дистанциите од 7,5 и 10 километри, додека децата ќе имаат трки на 1, 2, 3 и 5 километри.

Се очекуваат околу 50 натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција, Португалија, Унгарија, Ирска и Швајцарија да земат учество на овој престижен настан, кој го носи името на големиот пејач Тоше Проески.

Крушево, со својата убавина и планински амбиент, и оваа година ќе биде идеален домаќин за натпреварувачите и посетителите, нудејќи совршена комбинација од спортска енергија и туристички доживувања.

Министерството за спорт, УНИБанка, Меѓународната скијачка федерација (FIS) и Општина Крушево се главни поддржувачи на настанот, додека клубот Ски Нордиски е технички организатор на трките.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!