Ракомет

ФОТО: Вардар со победа го отвори охридскиот турнир – триумф над Динамо Панчево

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Попладнево започна меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, со натпревар помеѓу екипата на Вардар 1961 и Динамо Панчево од Србија. Двократниот европски шампион Вардар со победа го отвори турниот во Охрид, на првиот меч.

Натпреварот започна изедначено, со погодоци на двете страни, па така, некаде на средината на првото полувреме имавме резултат 7:7. Од 18.минута па до пред крајот на полувремето, Вардар одржуваше два гола разлика, а во 26. минута за првпат во мечот стигна и до три разлика- 13:10.

Пред крајот на полувремето, со гол од пенал кој го погоди Јака Малус, Вардар стигна и до плус четири, меѓутоа Динамо брзо врати и намали повторно на три, па така на пауза се замина со резултат 14:11 за Вардар.

ФОТО: Спортска Мрежа

По паузата, Вардар почна да ја зголемува предноста, па така, во 8.минута веќе имаше пет гола предност пред гостите од Србија, односно 19:14. Како што одминуваше времето, екипата на Вардар стигна и до шест позитива, но со мини- серија, тимот на Динамо не дозволуваше Вардар да се одлепи со многу посериозна предност уште во оваа рана фаза од вториот дел.

ФОТО: Спортска Мрежа

Сепак, Динамо немаше сили да ја стопи предноста на Вардар, па во 17.минута од натпреварот, Вардар одново стигна до своите највисоки шест позитива, а резултатот гласеше 25:19 за Вардарци. На десет минути до крајот на мечот, македонскиот тим водеше со 27:20. До крајот на средбата, Динамо успеа да се доближи и до минус два, но сепак немаше време за нешто повеќе, па мечот заврши со победа на Вардар од 29:27.

ФОТО: Спортска Мрежа


Кај Вардар најдобри стрелци со по пет гола беа Дмитро Горига и Јака Малус, а кај Динамо Панчево се истакна Илија Богдановиќ со седум реализации, а кој воедно беше прогласен и за МВП на натпреварот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант во драматична завршница славеше со 33-32. „Црвено-црните“ имаа напад за израмнување...

ИнтернационалциФудбал

Брера Струмица со убедливи 3:0 против Санта Колома во Андора – речиси заверен пласман во следната рунда

Брера Струмица оствари одличен резултат на првиот натпревар во младинската Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Андора убедливо со 0:3 ја совлада...

Поврзани написи
Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

Ракомет

Јагуриновски пред Бутел: „Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен“  

По убедливата победа над Струга во Езерското дерби на „Билјанини Извори“, Охрид...

Ракомет

Димовски пред европскиот двомеч: „Ние ќе го оставиме срцето на теренот, а од трибините нека грми цело Кавадарци!“

Ракометарите на Тиквеш се подготвуваат за европскиот предизвик против Handball Esch од...

Ракомет

Симиќ пред европскиот двомеч: „Во Кавадарци, во нашата сала и пред ‘Лозари’, ние се прашуваме за сè!“

Ракометарите на Тиквеш го продолжуваат европскиот пат со двомеч против Handball Esch...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!