ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Карабах сурово ја елиминира Шкендија – пет гола во Баку, македонскиот шампион во плеј-офот на Лига Европа!

Сподели
Сподели

Македонскиот шампион Шкендија го заврши својот пат во квалификациите за Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Баку претрпе убедлив пораз од азербејџанскиот првак Карабах со 5-1. Со овој резултат, тетовчани беа елиминирани во третото квалификациско коло, но ќе продолжат во плеј-оф фазата за пласман во групната фаза на Лигата на Европа.

Тетовци одлично го отворија реваншот на стадионот „Тофик Бахрамов“. Веќе во 10. минута, Сенегалецот Фабрис Тамба по мајсторско додавање на Бесарт Ибраими се најде сам пред голманот и ја затресе мрежата за 0-1. Но, радоста траеше само шест минути – несреќен автогол на Клинсман Цаке по центаршут од десната страна го врати домаќинот во игра.

Веќе во 18. минута, Кади Боргес донесе целосен пресврт, а Карабах не застана тука. Во 33. минута, Зубир мајсторски асистира до Акунѕаде за 3-1, а само две минути подоцна Јанковиќ од пенал зголеми на 4-1, резултат со кој заврши првото полувреме.

Иако тренерот Ардијан Беќири направи две замени на паузата во обид да го смири налетот на Азербејџанците, Карабах продолжи да доминира. Во 59. минута, Леандро Андраде ја затресе мрежата за конечни 5-1, резултат кој ја потврди класата на домаќинот.


Во последните дваесетина минути темпото се намали, а Карабах рутински го заврши мечот, обезбедувајќи пласман во плеј-офот за Лигата на шампионите и најмалку место во групната фаза на Лига Европа.

Шкендија, пак, ќе ја продолжи својата европска авантура во Лигата на Европа, каде во плеј-офот ќе се соочи со поразениот од двомечот меѓу Лудогорец и Ференцварош.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи. Клубот информираше дека двете страни постигнале меѓусебен договор за прекин...

Прва лигаФудбал

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници на локалната самоуправа и на ФК Башкими, денеска изврши увид во градежните...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан...

Прва лигаФудбал

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници...

Трета лигаФудбал

Радовишанецот Минур Асанов ја засили Брегалница од Делчево

Некогашниот прволигаш Брегалница од Делчево за новата сезона во Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!