РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар со Саудиска Арабија на 4 септември!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската машка А репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија на 4 септември, во рамки на резервиран термин од ФИФА. Мечот ќе се игра на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17:00 часот.

Ова ќе биде трет пат двете селекции да се сретнат на теренот. Првиот натпревар се одигра во Ријад на 1 август 2001 година и заврши со резултат 1:1. Вториот дуел се одигра на 22 октомври 2022 година во Абу Даби, каде Саудиска Арабија извојува тесна победа од 1:0. Тогаш македонскиот тим беше составен од играчи од домашната лига.

Овој контролен меч е од големо значење за селекторот Благоја Милевски, кој ќе има можност да ја тестира формата на играчите и да ги проба тактичко техничките варијанти пред продолжението на квалификациските натпревари за Светското првенство 2026. Само три дена по мечот во Прага, Македонија ќе ја пречека селекцијата на Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!