РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар со Саудиска Арабија на 4 септември!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската машка А репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија на 4 септември, во рамки на резервиран термин од ФИФА. Мечот ќе се игра на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17:00 часот.

Ова ќе биде трет пат двете селекции да се сретнат на теренот. Првиот натпревар се одигра во Ријад на 1 август 2001 година и заврши со резултат 1:1. Вториот дуел се одигра на 22 октомври 2022 година во Абу Даби, каде Саудиска Арабија извојува тесна победа од 1:0. Тогаш македонскиот тим беше составен од играчи од домашната лига.

Овој контролен меч е од големо значење за селекторот Благоја Милевски, кој ќе има можност да ја тестира формата на играчите и да ги проба тактичко техничките варијанти пред продолжението на квалификациските натпревари за Светското првенство 2026. Само три дена по мечот во Прага, Македонија ќе ја пречека селекцијата на Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

(ВИДЕО) Мали фудбалери, големи луѓе: генерацијата 2013 на Детонит Плачковица пример за вистински вредности

Фудбалот не е само игра и резултат – тој е школа за живот. Токму тоа го покажаа младите фудбалери на ФК Детонит Плачковица...

Ракомет

Блажески блесна против Бутел: „Сите добивме шанса – дојдовме до важна победа!”

Тимот на Охрид се врати на втората позиција на табелата во Супер лигата, откако вечерва славеше против Бутел Скопје со 31-26, на домашен...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентација до 15 години поразена од Велс

Фудбалската репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Ирска

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Гавриловиќ го објави списокот на одбојкарки за подготовките за Европската лига

Новиот селектор на женската сениорска репрезентација во одбојка, Милош Гавриловиќ, го објави...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!