Прва лигаФудбал

Тиквеш со нова офанзивна сила: Сандеј Алими пристигна во Кавадарци

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Кавадаречки Тиквеш продолжува со засилувањата за сезоната 2025/26 и официјално го претстави своето ново име – нигерискиот офанзивец Сандеј Алими.

25-годишниот Алими игра на десната крилна позиција и важи за брз и продорен фудбалер. Последно настапуваше за нигерискиот клуб Шутинг Старс, а пролетната полусезона ја мина без клуб. Во својата кариера имал интернационални искуства, настапувајќи за Галатасарај (U21), португалски Авес, турски Ескишехирспор и грчка Кавала.

Сепак, патот на Алими не беше секогаш лесен – по заминувањето од Турција имаше неколку подолги паузи без клуб, но секогаш успеваше да се врати на теренот. Сега, со нова мотивација, ќе се обиде да ја врати формата и да донесе офанзивна свежина во редовите на Тиквеш.

„Со голема чест и задоволство ви го претставуваме нашето ново засилување – Сандеј Алими! Играч со искуство, борбен дух и голема желба за успеси, кој ќе донесе нова енергија и брзина во нашиот тим,“ порачаа од клубот.

Тиквеш новата сезона ја отвори со реми без голови (0:0) против Работнички, а кавадарчани се надеваат дека токму Алими ќе помогне во зголемување на ефикасноста во нападот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Јагуриновски пред Бутел: „Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен“  

По убедливата победа над Струга во Езерското дерби на „Билјанини Извори“, Охрид продолжува со настапите во Супер лигата. „Гладијаторите“ во третото коло ги...

Ракомет

Димовски пред европскиот двомеч: „Ние ќе го оставиме срцето на теренот, а од трибините нека грми цело Кавадарци!“

Ракометарите на Тиквеш се подготвуваат за европскиот предизвик против Handball Esch од Луксембург во рамки на првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!