Прва лигаФудбал

Младинска енергија: Алтин Алији потпиша за Струга Трим Лум

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Двократниот македонски шампион Струга Трим Лум доби ново име во своите редови – 18-годишниот офанзивец од Скопје, Алтин Алији. Иако млад по години, Алији веќе има солидно искуство во Првата македонска фудбалска лига и важи за еден од најперспективните играчи од својата генерација.

Алији пристигнува од косовскиот првак Балкани, каде што се пресели минатото лето од Македонија Ѓорче Петров. Токму во дресот на „лавовите“ од Ѓорче Петров, младиот фудбалер првпат го привлече вниманието на јавноста со своите настапи и храбра игра.

Дебито во сениорска конкуренција го имаше на 13 ноември 2022 година, на само 16 години, 2 месеци и 19 дена, што го прави еден од најмладите дебитанти во мак-фудбалот. Од тогаш, Алији одигра 32 натпревари во Првата лига и постигна два погодоци.

Со својата брзина, техника и младински елан, Алији ќе се обиде да донесе нова офанзивна свежина крај Охридското Езеро, додека Струга Трим Лум продолжува со амбицијата да се задржи на врвот на македонскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!