Турнири

Возбудлив старт на Богородица Куп 2025 – триумф на Кафе бар Лавадо, Новапор и Кибо Пласт

Сподели
Сподели

Турнирот „Богородица Куп 2025“ во Волино започна со одлични натпревари и голема публика. Првата вечер донесе динамика и убедливи победи.

Во воведниот меч, Кафе бар Лавадо ја совлада екипата на Брумел со 1:2, во дуел кој се решаваше до последните минути. Во вториот натпревар, Новапор беше поуспешен од Ресорт Бате Боле со ист резултат 1:2, покажувајќи цврста одбрана и ефикасен напад.

Најубедливата победа вечерва ја оствари Кибо Пласт, кој со високи 0:5 го надигра Блу Фиш, демонстрирајќи одлична форма уште на стартот на турнирот.

Вечерва продолжуваат возбудувањата со нови три натпревари, а љубителите на фудбалот можат да очекуваат уште повеќе атракции на теренот во Волино.

Спортска Мрежа првпат година е медиумски покровител на овој голем традиционален спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!