Турнири

Атанасов Градба со голем триумф на „Подареш 2025“, Фурна Марфи го доби Готен Јуниор со 12 гола!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Оваа вечер на „Подареш 2025“ мина во знакот на големите и убедливи победи со многу погодоци, па така публиката уживаше во одличните натпревари.

Атанасов Градба со 6:9 го доби составот на Бунарџик во првиот меч на вечерта, додека пак во вториот натпревар екипата на Подареш со 4:0 го доби составот на Гринс Ресторан и ги освои симпатиите на домашната публика.

Во третиот натпревар Фурна Марфи со високи и убедливи 12:8 славеше над Готен Јуниор, а публиката проследи фантастични 20 погодоци.

Утре од 20:30 часот Фурна Марфи ќе се соочи со Фреит Оне & KP Gebäudereinigung GmbH, а пак еден час подоцна Фреит Оне & KP Gebäudereinigung GmbH ќе го одигра вториот меч против Ан Са Дизајн Злеово и Перо и тајфатa.

Вечерта ќе се заокружи со дуелот на Гринс Ресторан против Инсајд Стил.

Спортска Мрежа годинава за првпат е медиумски покровител на овој спортски настан, а натпреварите од полуфиналето и од големото финале ќе бидат пренесувано во живо.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!