Турнири

ВИДЕО: Одново пенали решаваа на турнирот во Дебреште, Твинкес Аутсајд со четири гола до висока победа!

Сподели
Сподели

Вечерва одново пенали беа тие кои решаваа патници за влез во четвртфиналето на меморијалниот турнир „Алмир Ибески Алмо 2025“ во прилепско Дебреште.

На првиот меч немаше победник во регуларниот дел, откако Азан Ајаз и Енотека Кафе Рома одиграа 1:1, а во пенал серијата екипата на Озан Ајаз со 3:2 беше подобра.

Во вториот меч тимот на Твинкес со 4:1 го декласираше составот на Доктор Спаско за следна фаза на турнирот во Дебреште.

Во третиот меч беа постигнати пет гола, а екипата на Фасада Чајник со 3:2 го елиминираше Мухамед Доо.

Пилана Жарко и Гарден Голд ремизираа во меч со четири гола, за конечни 2:2, а потоа во ударите од белата точка екипата на Пилана Жарко со 2:1 беше подобра.

Од утре започнува четвртфиналето кое оваа година ќе донесе повеќе од неизвесни натпревари и голема борба за пласман во полуфиналето, а тоа одново ќе биде причина за многубројна публика на трибините.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на турнирот кој важи за еден од најдобро организираните.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!