Прва лигаФудбал

Билетите за големото дерби Вардар – Пелистер пуштени во продажба!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонскиот фудбалски шампионат стартува со спектакл! На 8 август, во рамки на првото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се одигра големото вечно дерби меѓу Вардар и Пелистер.

Раководството на скопски Вардар, актуелен освојувач на Купот на Македонија, веќе ги пушти во продажба билетите за овој натпревар. Цената на билетот изнесува 300 денари, а може да се набави преку официјалната продажна мрежа „МкТикетс“.

По елиминацијата од Конференциската лига од страна на Лозана, „црвено-црните“ целосно се насочуваат кон предизвиците во ПМФЛ, каде што ќе атакуваат на врвот. Стартот нема да биде лесен – вечниот ривал од Битола доаѓа во Скопје во обид да направи изненадување и да впише победа уште на самиот почеток.

Натпреварот меѓу Вардар и Пелистер се игра во петок (8 август), со почеток во 20:00 часот, под рефлекторите на најголемата македонска фудбалска арена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со мечот меѓу Брера и Шкупи, кој ќе...

Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум Костов од МРК Куманово, е лидер на листата на најдобрите стрелци....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе...

Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа...

Прва лигаФудбал

Без голови во Кратово: Силекс пет кола чека на победа, Тиквеш продолжува без пораз

Силекс и Тиквеш одиграа без голови во Кратово, во натпревар во кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!