Прва лигаФудбал

Никола Величковски ново засилување за Брера Струмица

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Македонскиот младински репрезентативец Никола Величковски е нов фудбалер на Брера Струмица. 19-годишниот офанзивец пристигнува од бугарскиот тим Септември Софија и веќе се приклучи на подготовките на струмичани за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Величковски претставува значајно засилување за струмичкиот прволигаш, со оглед на неговото искуство и флексибилност во офанзивната линија. Својата кариера ја започна во редовите на Вардар, по што следеа настапи за Работнички и Македонија ЃП, а во младинските селекции на Македонија има повеќе од 20 настапи и пет постигнати голови. Тој важи за еден од столбовите на репрезентацијата до 21 година.

Од клубот порачуваат дека од Величковски очекуваат да биде клучна алка во офанзивата на тимот, а своето деби во новиот дрес би можел да го има уште во првото коло, кога Брера гостува кај Силекс во Кратово.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младеновски: Вардар е огромен мотив, пред домашната публика ќе дадам сè од себе

Поразот остава разочарување кај екипата на Младост, откако беше блиску до првото сезонско славје, од предност со седум гола до пораз од еден...

Ракомет

Дерби на Вардар Неготино и Пролет, Драчево Јуниор гостува во Радовиш, Аеродром против Овче Поле

Втората рунда од Првата ракометна лига носи четири средби кои ќе бидат одиграни утре и три натпревари в недела. Новајлијата Илинден на домашен...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа...

Прва лигаФудбал

Без голови во Кратово: Силекс пет кола чека на победа, Тиквеш продолжува без пораз

Силекс и Тиквеш одиграа без голови во Кратово, во натпревар во кој...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја започнува против Јувентус Серава, дерби на Форца и Шкупи

Денес во Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!