Турнири

Озан Ајаз со „петарда“ на турнирот во Дебреште, Елемент Систем со „лото“ победа

Сподели
Сподели

Продолжуваат фудбалските возбудувања на меморијалниот турнир „Алмир Ибески Алмо 2025“ кој се игра во прилепско Дебреште.

Публиката проследите одлични натпревари со многу погодоци, бидејќи често се тресеа мрежите.

Во првиот меч екипата на Озан Ајаз со убедливи 5:0 го декласираше тимот на Алданци. Веќе во вториот меч се случи вистинска голеада, откако тимот на Елемент Систем со 2:7 го декласираше составот на Барбарас Дебреште.

Во третиот меч, исто така, имаше многу погодоци, вкупно пет за триумф на Бел Бор Енџо од 4:1 над Железара Бесник.

Четвртиот меч не се одигра, екипата на Медио Петрол го доби со службени 3:0 против Братство Лисичани.

Спортска Мрежа и оваа година е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!