Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија немоќна против Грција – пораз во Скопје без освоен сет!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија, очекувано, доживеа пораз од селекцијата на Грција со 0:3 (8:25, 11:25, 19:25) во претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за Европското првенство 2026.

Македонската селекција веќе немаше шанси за пласман на Европското првенство, па натпреварот со фаворизираната Грција претставуваше можност за достојно претставување пред домашната публика, во последниот меч ова лето на домашен терен. Сепак, избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ успеаја да парираат само во третиот сет, додека во првите два беа целосно надиграни од поискусниот противник.

Грција, која веќе го обезбеди своето место на ЕуроВолеј 2026, целосно го контролираше натпреварот и доминираше во сите сегменти на играта. Предводена од ефикасните Тикманиду со 14 и Бака со 12 поени, гостинската репрезентација не остави простор за изненадување. Македонската селекција се соочи со сериозни проблеми – бројни технички грешки, нестабилен прием и слаба игра во дефанзива, а не успеа да најде решение ниту за цврстиот грчки блок, кој забележа дури 12 поени.

Најголема борбеност македонските одбојкарки покажаа во третиот сет, кога поведоа со 3:0, а потоа и со 17:12 по серија од 7-0. Сепак, искусната грчка селекција контролата ја врати и го завери триумфот без загубен сет.

Најефикасна во нашиот тим  беше Теа Терзиевска со 12 поени, додека Ива Стојкоска и Мери Бошковска постигнаа по четири, а Тамара Стојанова и Лиља Ковачевиќ запишаа по три поени.

Квалификацискиот циклус Македонија ќе го затвори на 9 август, со гостување во австрискиот град Хартберг каде ќе се соочи со репрезентацијата на Австрија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука со која Готен службено го добива мечот со Слога од Злеово....

Ракомет

Три победи и само еден загубен сет: Штип УГД вечерва ја брани серијата против Работнички

Штип УГД вечерва има можност да го продолжи беспрекорниот првенствен почеток. Во салата „Џексон“, од 19 часот, штипските одбојкари го пречекуваат Работнички 71&22...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за настап на квалификации за ЕП

Селекторот на женската репрезентација до 19 години, Кирил Изов го објави списокот...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки ги дознаа противниците и распоредот во Европската лига 2027

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците и термините за...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкари ги дознаа противниците и распоредот за Европската лига 2027

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците и распоредот на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!