Прва лигаФудбал

Работнички е лидер на табелата без пораз, Воска, Вардар и Тиквеш во опасната зона!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

По девет одиграни коло во Првата македонска фудбалска лига лидер на табелата е Работнички со 19 бодови со скор од пет победи и четири ремија.

„Романтичарите“ играат одличен фудбал во фудбалската елита и сакаат титула после една деценија.

Шкендија е втора со 18 бодови, скор од пет победи, три ремија и еден пораз, а пак Гостивар е на третото место со 17 бодови.

На четвртото место е шампион Струга Трим Лум со 15 бодови на свеото конто, а пак Силекс е на петтата позиција со 14 бодови.

На шестото место со 12 освоени бодови е тимот на Шкупи, седма е Брера Струмица со 11 бодови, а пак осми е Пелистер кој има осум бодови на своето конто.

Дебитантот во Прата лига, Беса е на деветтата позиција со девет бодови, а пак Тиквеш се проби во бараж зоната со седум бодови колку што има и Вардар кој е место подолу односно во опасната зона заедно со Воска Спорт која е последна со пет бодови.

  • ЦЕЛОСНА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

По завршувањето на репрезентативната пауза ќе се одиграат натпреварите од десеттото коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!