ФудбалФутсал

Шампионот Форца го декласираше Железарец на стартот од новата сезона во Првата футсал лига!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Вчера со воведниот меч во Куманово започна новата натпреварувачка сезона 2024/2025 во Првата футсал лига, а во воведниот меч шампионот Форца тргна со убедлива победа откако со 11:1 го декласираше Железарец.

Иван Крстевски во 4. минута постигна гол за 1:0, а по една минута Дарко Цветковски израмни на 1:1. До крајот на првиот дел резултатот беше 4:1, а во второто полувреме Железарец буквално се распадна и немаше капацитет да парира и да го запре налетот на пресилниот тим на Форца.

За екипата на Форца во листата на стрелци покрај Крстевски се запишаа и Камило Андрес Гомез Венегас, Даниел Марино Де Соуза и Зоран Левески со по два гола, а по еден гол постигнаа Кристиан Аберто Беррио Хојос, Таулант Исмаили, Берат Рамадани и Луис Конзало Посадо Куитеро.

Колото ќе се комплетира во понеделник со четири натпревари. Осогово сезоната ја отвара дома против Кеги Моби, Јувентус Серава ќе игра со Шкупи, Црна Река ќе го пречека повратникот Проект, а пак Бутел ќе игра со Клими.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!