Кошарка

МЗТ Скопје пресилен за Шкупи, Работнички и ТФТ Скопје отворија со победи!

Сподели
Сподели

Првото воведно коло од новата сезона на Првата кошаркарска лига беше отворено со три натпревари.

Бранителот на титулата МЗТ Скопје со убедлива победа од 59:95 го декласираше Шкупи за успешно отварање на новата сезона. Во текот на целиот меч шампионот доминираше, а во втората четвртина само девет поени успеа да постигна домашниот тим, наспротив 22-та поени на гостинот.

Андоновски постигна 21 поен, Маслинко имаше 17 реализации кај победничката екипа, кај Шкупи најдобар беше Арчи со 18 поени.

Работнички тргна со победа откако со 90:85 славеше над Феникс кој пружи силен отпор. Возбудлив меч со резултатски пресврти, за на крај Работнички да слави триумф.

Првата четвртина Работнички ја доби со 33:19, а веќе во втората Работнички беше декласиран со 8:35. Во третата четвртина Работнички се разбуди и заигра одлично со 25:14, а последната заврши со 24:17 за конечни 90:85.

Ѓуроски со 28 поени беше најдобар кај Работнички, а кај Феникс тоа беше Грент со 37 поени.

ТФТ Скопје преку пресврт на полуреме запиша победа од 81:70 над новиот прволигаш МКК Куманово. Резултатски мечот се движеше со 20:20 во првата четвртина и 15:17 во втората. Во третата четвртина ТФТ Скопје ја доби со 23:20, а последната ја доби со 23:13 што беше клучна за победа на домашниот тим.

Говенс имаше 23 поени за победничкаа екипа, а пак Тадиќ имаше 25 поени за Куманово.

Денес Вардар ќе игра против Гостивар, Тиквеш ќе биде домаќин на Пелистер, а пак Чаир со Кожув.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ: „Сите заедно ја пишуваме историјата!“ – повик за спектакл во Охрид!

Охрид е пред натпревар кој може да ја одбележи сезоната – реваншот против Целје во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп носи шанса за...

Ракомет

„На крилјата на навивачите да стигнеме до финалето!“ – порака од Иванковиќ пред битката со Целје

Охрид е на прагот на историски момент – натпревар што може да ја однесе екипата во финалето на ЕХФ Европскиот Куп и да...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ поразен во драматично финале: Широки Бријег со минимален триумф до титулата и АБА лигата

Екипата на ТФТ не успеа да избори „мајсторка“ во финалната серија од...

Кошарка

Крива Паланка за прв пат, или седма титула за Бадел 1862?

Крива Паланка за прв пат, или пак Бадел 1862 по седми пат...

Кошарка

Пелистер со моќна партија во Аеродром – закажа полуфинале со МЗТ Скопје

Кошаркарите на Пелистер испратија силна порака пред почетокот на плеј-офот, откако на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!