Втора женска фудбалска лигаФудбал

Фаворитот Кочани гостува во Велес, Порече ќе ја пречека Плачковица, Вардар оди во Валандово!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Утре ќе се одиграат натпреварите од 4. коло на Втората женска фудбалска лига, во коло каде најнеизвесно би требало да биде во Македонски Брод каде ќе се соочат домаќинот Порече и Плачковица од Радовиш.

Порече на домашен терен ќе ја бара втората женска победа во четвртиот меч од новата сезона, а пак гостинот од Радовиш во Македонски Брод доаѓа по прво сезонско славје.

Порече ќе биде благ фаворит, го има својот терен и домашната публика како предност, тука е и капитенот Јована Ѓорѓиоска Блажеска која ќе биде главна алка на тимот, која е воедно е и најдобра стрелец на Порече во новата сезона со четири погодоци. Од друга страна Плачковица има неколку играчи на кои ќе се потпира играта како Марија Бојкова, Розета Ташкова, Викторија Стојаноска. Во секој случај трите бодови ќе бидат цел и на двете екипи. Мечот ќе започне во 13 часот, а главен судија ќе биде Бојан Попески од Прилеп.

Екипата на Кочани како апсолутен фаворит утре оди во Велес каде ќе игра против Борец, во меч каде домашниот тим ќе биде инфериорен противник против поранешниот шампион на Македонија.

За Кочани и нема што многу да се зборува, тоа екипа која е главен фаворит за првото место кое директно води кон Прва лига. Кочани има искусни играчи кои пристигнаа од Првата лига како екс репрезентативката Афродита Салихи која е најдобар стрелец, репрезентативката Катерина Милеска, Надица Гелева, Ангела Стојковска, што само по себе говори дека Кочани во Велес ги освојува трите бодови. Натпреварот ќе започне во 10:30 часот, главен судија ќе биде Николче Димовски од Велес.

Дебитантот Слободен на домашен терен ќе ја бара првата сезонска победа против поранешниот прволигаш Билјанини Извори од Охрид, во меч каде гостинот ќе биде фаворит за трите бодови и за нова победа. Натпреварот ќе започне во 15 часот, делител на правдата ќе биде Бојан Божиновски од Скопје.

Победа Валандово на домашен терен ќе игра против Вардар, каде девојките на Теодора Димитровска ќе бида фаворит за нов триумф против Победа. Натпреварот ќе започне во 12 часот, главен судија ќе биде Виолета Јанчева од Гевгелија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!