Втора женска фудбалска лигаФудбал

Кочани го „прегази“ Борец – Салихи постигна РЕКОРДНИ 11 гола! Вардар со 13 гола во Валандово, Плачковица го доби Порече!

Сподели
Сподели

Четвртата рунда во Втората женска фудбалска лига донесе рекорден број на постигнати погодоци, откако беа постигнати 39 погодоци, а резултатите од оваа коло повеќе личат како на резултати од ракомет, отколку на фудбалски резултати.

Фаворитот Кочани во Велес со 1:16 буквално го „распадна“ Борец, откако домаќинот повеќе од јасно се знаеше дека ќе биде инфериорен противник без било какви можности да дури и да парира за помал пораз. Екипата на Кочани на овој натпревари билдаше гол разлика, а Афродита Салихи успеа да ја „искина“ мрежата во Велес, откако поранешната репрезентативка даде 11 гола, а домашната голманка Гордана Милошевиќ беше немоќна во налетот на искусната Салихи.

Ангела Стојковска постигна хет-трик, репрезентативката Катерина Милеска беше стрелец на еден гол, а за работите да бидат уште полоши за домашниот тим, Марија Будинова си постигна автогол. Единствен стрелец за домашниот тим беше Александра Пешова.

Доминација на Вардар во Валандово откако однесе убедлива победа од 1:13 над Победа Валандово во меч каде фаворитот доминирараше против младата екипа на домашниот тим, со што уште еднаш се потврдуваат разликите во квалитетот. Мила Наумовска и Џенита Кицара постигнааа по четири погодоци, а хет-трик запиша Теодора Јанковска, по еден гол постигнаа Миа Закев и Елена Костадиноска.

Нов голем пораз за Слободен откако екипата на Билјанини Извори од Охрид со 0:6 славеше висока победа. Александра Алексиеска и голгетерката Марија Јулчовска беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Стефанија Ристова и Ивана Николоска.

Во рамки на 4. коло најнеизвесен меч се одигра во Македонски Брод каде Порече беше поразен од радовишка Плачковица со 0:2 со што радовишкиот тим се израдува на првата сезонска победа. Натпреварот беше решен во вториот дел кога Марија Бојкова во 50. минута погоди за 0:1, а Викторија Лазова во 85. минута беше прецизна за конечни 0:2.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!