Трета лигаФудбал

Слога Виница убедлива на „Кукуш“ над Турново, победа за Овче Поле, во Делчево одат три бода!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА 2. коло ТМФЛ Исток 2024-2025
Сподели

Дербито на колото во Трета лига – Исток, а во рамки на четвртата рунда се одигра на стадионот „Кукуш“ каде поранешниот прволигаш Хоризонт Турново играше против Слога од Виница, во меч на тотална доминација на гостинот кој со 0:3 запиша голема и важна победа на патот кон баражот за Втора лига.

Гостинот од Виница дојде до рано водство со голот на Игор Ѓорѓиев во 14. минута за 0:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Слога Виница на стартот имаше 0:2 со голот на Дарко Николов, а во 87. минута Михаил Воинов постигна гол за конечни 0:3.

Светлост во Зрновци го пречека тимот на Брегалница од Делчево меч кој понути пет погодоци за триумф на гостите од 2:3, со што домашниот тим останува и понатаму без победа. Стоиловски по две минути игра ја донесе Брегалница до водство, а веднаш по три минути Лазаров погоди за 1:1. Во 24. минута од мечот Илиев биеше прецизно за 1:2, а во 27. минута одново Светлост преку Станојев дојде до ново израминува на 2:2.

Не требаше многу веќе во 34. минута Ратков постигна гол за 2:3 на полувреме. Во вториот дел немаше погодоци мрежите мируваа, па резултат од првиот дел стана конечен.

Во Пирава свое соочување имаа екипите на Ударник и струмичка Тиверија каде гостинот запиша победа од 2:3 преку пресврт. Пандевски донесе водство за струмичани во 6. минута од мечот, а пак Митровски и Грбашлиев беа прецизни за пресврт и водство на Ударник од 2:1 на полувреме. Во вториот дел Тиверија преку двата гола на Никола Трајков направи пресврт за победа од 2:3 над домаќинот.

Во Дојран прва сезонска победа бараа Дојранско Езеро и Малеш во меѓусебно соочување каде домаќинот со 3:1 беше сигурен и убедлив, откако гостинот во вториот дел не успеа да издрже. Малеш по само две минути игра дојде до водство со гол на Левков, резултат со кој се замина на полувреме од минимални 0:1 за гостите од Берово. Во вториот дел домаќинот се обидуваше да го скрши отпорот дури во 71. минута кога Митков погоди за 1:1, а веднаш потоа со два брзи гола на Јанкулов и Илиев екипата на Дојранско Езеро стигна до триумф од 3:1.

Овче Поле во рамки на оваа рунда гостуваше кај екипата на Карбинци каде со 0:2 однесе победа со погодоците на Андроников и Сарафимов.

Во однос на табелата лидер е Слога Виница со максимални 12 бодови, Овче Поле е втор со 10 бода, трет е Хоризонт Турново со седум бодови. По шест бодови имаат Брегалница Делчево и Тиверија кои го делат 4. место. По пет бодови имаат Дојранско Езеро и Карбинци за делба на шестото место, Ударник има три бодови и се наоѓа на осмото место, Светлост и Малеш се во долниот дел од табелата со по 1 бод.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!