Трета лигаФудбал

Лото победа за Големо Коњари, еден гол го реши дербито во Крушево, Превалец до реми!

Сподели
Сподели

Денес се одиграа натпреварите од петтото коло на Трета лига – Југ. Башкими 2008 на домашен терен имаше тежок меч против тимот на Превалец, каде немаше победник и немаше погодоци, исходот беше реми (0:0). Двете екипи беа со желба за победа, со шанси кои не ги реализираа, па ремито можеби и беше најреален исход.

Влазними Јуниор го пречека Бучин, во меч каде гостинот ја бара првата сезонска победа, а исходот од истиот овој меч беше триумф токму за гостинот од 1:3. Мемедоски погоди за домашниот тим за водство, а потоа гостинот преку пресврт дојде до триумф, откако Колчакоски погоди за 1:1, а Евтимџиоски  со два гола сврте на конечни 1:3 пред крајот на првиот дел, откако во второто полувреме немаше погодоци.

Дреново на домашен терен го пречека тимот на Младост од Кривогаштани каде гостинот однесе минимална победа од 0:1 со автоголот на Ѓоке Ангелов во 66. минута.

Дербито на колото се играше во Крушево каде се соочија поранешните второлигаши Питу Гули и Росоман, натпреварот беше решен со голот на Стефан Костовски, кој погоди во 7. минута за минимални 0:1.

Големо Коњари на домашен терен однесе лото победа од 7:0 над Обршани, во меч на тотална доминација и одлична игра. Најдобриот стрелец Виктор Тошески постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Божиноски, Костески, Сркески и Бешовски.

Слога на домашен терен доживеа дебакл од Венес со резултат од 2:6, откако гостинот беше пресилен противник. Петар Ристовски постина хет-трик, а по еден гол постигнаа Димитриевиќ и Илов. За домашниот тим двоен стрелец во вториот дел беше Емир Каришиќ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!