Ракомет

Охриѓани со голема предност во ЕХФ Европскиот Куп!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Екипата на Охрид ќе ги одигра двете средби од второто коло на ЕХФ Европскиот Куп пред својата публика.

Азербејџанскиот тим Баку се согласи двомечот да се одигра во спортската сала „Билјанини Извори“, прифаќајќи ја понудата на македонскиот претставник.

Првиот натпревар е закажан за 11 октомври со почеток во 18:00 часот, а реваншот ќе се игра ден подоцна, исто така од 18:00 часот.

Според досегашните настапи и квалитетот на ростерот, Охрид важи за апсолутен фаворит против Баку, кој во претходните три учества на европската сцена сè уште нема одиграно меч на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм...

Ракомет

Познати составите за клучниот европски дуел: Пелистер без Хаидаридад, Гумерсбах без Рогановиќ

Еурофарм Пелистер и Гумерсбах ги одредија ракометарите со кои ќе настапат во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!