Прва лигаФудбал

Силекс се засили со босански дефанзивец!

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Фудбалскиот клуб Силекс донесе ново засилување во своите редови. Станува збор за 22-годишниот босански интернационалец Едис Бутуровиќ, кој ќе го засили дефанзивниот ред на кратовскиот прволигаш.

Бутуровиќ игра на позицијата централен дефанзивец (стопер) и во Силекс доаѓа од босанскиот клуб Игман Коњиќ. Со своето искуство од Премиер лигата на БиХ, се очекува да внесе стабилност и сигурност во одбраната на Силекс, во пресрет на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Клубот од Кратово продолжува со засилувања со цел да изгради конкурентен тим кој ќе се бори за високи позиции во домашниот шампионат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!