Останато

Марко Алексовски дел од престижниот ITF-Tennis Europe тим

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (роден 2011 година) годинава направи голем чекор напред во својата кариера. Благодарение на успешните настапи на Развојниот шампионат до 14 години, кој се одржа во Анталија, Турција, тој се избори за место во престижниот тим на ITF-Tennis Europe, кој е поддржан од Grand Slam Development Fund.

Овој тим е составен од најперспективните тенисери на возраст до 14 години, а на Алексовски му е овозможено учество на четири меѓународни турнири: еден од Супер категорија и три од Категорија 1. Првиот турнир, кој е од највисока категорија, се одржува во Дурен, Германија. Македонскиот тенисер одлично го започна настапот, совладувајќи го Адам Напари од Финска со 2-0 во сетови (6-2, 6-4). Во следната рунда го очекува дуел со Паоло Карочио од Италија.

Алексовски ќе настапи и во двојки, во пар со Андрија Мартиновиќ од Босна и Херцеговина, со кого ќе се обиде да постигне уште еден добар резултат.

Покрај Марко, во тимот се вклучени и тенисери од Босна и Херцеговина, Турција, Молдавија, Португалија, Грција и Украина. Учество на вакви турнири, како и можноста за работа со врвни тренери и натпреварување со најдобрите млади тенисери во Европа, е од огромно значење за развојот и напредокот на талентирани спортисти како Алексовски.

Македонскиот тенисер веќе имаше забележителни настапи оваа сезона на повеќе турнири во својата возрасна категорија, а учеството на овие четири натпревари претставува значаен чекор во неговата спортска кариера и потврда за неговиот потенцијал.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО + ФОТО) Драматичен финиш во Автокоманда: Реми на Мулти Есенс и Младост за поделба на бодовите

Натпреварот во Автокоманда меѓу Мулти Есенс и Младост од Богданци започна со едноминутно молчење во чест на Борис Поп-Глигоров, првиот секретар на РК...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Атанасов пред Шкотска: Атмосферата меѓу нас е одлична и се надеваме на позитивен резултат

Македонија вечерва ќе се обиде да стави крај на резултатската криза со триумф над Шкотска, но и да се стави крај на „сушниот...

Поврзани написи
Останато

Филип Маџунков повторно во дресот на ОК Струмица 47&72

ОК Струмица 47&72 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Останато

Претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ доаѓа во Скопје да ги обучува македонските одбојкарски судии

Министерот за спорт Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Судиската комисија...

Останато

ОК Струмица 47&72 го претстави американскиот одбојкар Тајлер Трип

ОК Струмица 47&72 го промовираше своето ново засилување за сезоната 2026/27. Станува...

Останато

Десет екипи, ист систем и Шкендија Волеј како дебитант во Втората лига жени

Втората лига жени во сезоната 2026/2027 ќе брои десет екипи, осум „староседелци“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!