Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Марјан Илиевски: Задоволен сум од сработеното, но ни претстои уште многу работа!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, направи кратка анализа на досегашниот подготвителен период, вклучувајќи ги и двете успешно одиграни контролни натпревари против селекцијата на Швајцарија.

„Секогаш ќе се согласам со ставот дека без разлика колку поени даваме, најважно е да примаме што помалку. Она што ме радува е енергијата и хемијата во тимот – тие функционираат беспрекорно. Во однос на загубените топки, на вториот меч бевме подобри отколку на првиот“, истакна селекторот.

Неколку играчи поради повреди не беа во конкуренција, а дел од јавноста изрази загриженост за нешто послабата офанзивна реализација.

„Имавме кошаркари кои имаат само 20 години и кои мораме да ги поддржиме. Нормално е да се појави пад во играта кога тие се на теренот. На двата меча започнавме со различни почетни петорки, но веќе имаме појасна слика кој и колку може. Сепак, премалку време сме заедно за да фаворизирам некоја одредена петорка“, додаде Илиевски.

Селекторот нагласи дека транзицијата и залагањето се клучните вредности на оваа репрезентација.

„Она што нè краси е брзата транзиција и фактот дека секој играч го дава својот максимум. Задоволен сум од досега направеното, но свесен сум дека имаме уште многу работа пред нас. Имаме уште речиси една недела за подготовка пред дуелот со Романија“, истакна Илиевски, по завршувањето на подготовките во Гевгелија и Негорски бањи.

Во деновите што следат, подготовките ќе се префрлат во СЦ „Кале“, каде селекцијата ќе почне со анализа на првиот противник во претквалификациите – Романија.

„Сè уште не сме ја анализирале Романија целосно, бидејќи не знаеме кој ќе им биде странскиот играч. Но знаеме кој е нивниот носител на играта, и тоа ќе го проучиме во следните денови“, заклучи селекторот.

На 30 јули (среда) во попладневните часови, планирано е заминувањето во Куманово каде ќе бидат реализирани завршните тренинзи од подготовките пред натпреварот против селекцијата на Романија кој е закажан за 2 август (сабота),  и ќе се игра во спортска сала во Куманово, со почеток од 20:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!