ИнтернационалциФудбал

Вардар санкциониран со 30.000 евра од УЕФА за натпреварот со Ла Фиорита!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги соопшти казните за клубовите што учествуваа во првото квалификациско коло од европските купови, а меѓу казнетите се најде и македонскиот гигант – Вардар.

Казната за Вардар е последица на инцидентите за време на натпреварот против Ла Фиорита од Сан Марино. Од Западната трибина беа фрлани пиротехнички средства и петарди, поради што клубот е санкциониран со 20.000 евра.

Дополнително, УЕФА изрече и казна од 10.000 евра поради политичка порака. Навивачката група „Комити“ истакна транспарент посветен на Европскиот парламент, во контекст на дебатите за македонскиот идентитет и јазик – потег што не остана незабележан од делегатот на натпреварот.

Со тоа, Вардар ќе мора да плати вкупна казна од 30.000 евра за прекршување на правилата на УЕФА во однос на безбедноста и неутралноста на трибините.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката за врвот, но и неколку изненадувања. Охрид го доби дербито со...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!