Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 со официјален старт на подготовките за сезоната 2025/26 – има неколку нови имиња

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Со прв работен состанок помеѓу управата, стручниот штаб, медицинскиот тим и комплетниот ростер на ракометари, официјално започна новата сезона за Еурофарм Пелистер 2. Тимот кој по една сезона се врати во Суперлигата ги започна активностите за натпреварувачката 2025/26 година.

Во салата „Боро Чурлевски“ во Битола беа присутни сите ракометари, освен младиот голман Иван Младенов, кој е дел од македонската кадетска репрезентација на Европскиот младински фестивал во Скопје. Тој ќе им се приклучи на подготовките во Пехчево од понеделник.

Тренерот Александар Зарков го предводеше воведниот собир, при што беа претставени новите засилувања и деталниот план за претсезонските подготовки.

Еурофарм Пелистер 2 ќе се потпира на мешавина од млади таленти и играчи со искуство, а во составот се приклучија Славчо Шулески и Јован Даневски од Тиквеш, Јапонецот Баптист Одифред од Даипо Стип, Илија Илијевски од Вардар Неготино, како и неколку млади имиња од погонот на Еурофарм Пелистер – Мелин и Алдин Фехми, Иван Велески, Леонид Лозановски, Лука Ѓорѓиевски, Андреј Дамчевски и Стефан Лазаревски.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Клубот се раздели со Василије Печурица, Богдан Мијушковиќ, Никола Блажевски, Марко Димовски и Дејан Југовски.

По почетната фаза во Битола, тимот ќе се пресели на подготовки во Пехчево, а финалниот дел од претсезоната ќе вклучи серија контролни натпревари и настап на меѓународниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп (21-24 август), каде Пелистер 2 ќе игра во група со Пролет и српската Црвена Звезда.

Еурофарм Пелистер 2 влегува во новата сезона со целосно подготвен тим, јасна визија и амбиција за успешно враќање меѓу најдобрите во македонскиот ракомет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!