КошаркаКошаркарска репрезентација

Министерот за спорт Борко Ристовски ги посети кошаркарите во Негорски бањи!

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера беше во Негорските бањи и ги посети кошаркарските репрезентативци кои во Гевгелија се подготвуваат за настапот во втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп 2027.

На покана на претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томе Главчев, Ристовски присуствуваше и на попладневниот тренинг на сениорската репрезентација, при што на играчите и на стручниот штаб им посака многу среќа и успех во натпреварите што ги очекуваат во август.

Притоа, министерот имаше можност да се увери во условите што ги нуди спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски бањи, кој е база на нашата најдобра селекција. Заедно со претседателот Главчев, тој се запозна со содржините и капацитетите на комплексот, кој според нивните впечатоци нуди одлични услови за подготовка на еден национален тим.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските младинци со силна завршница до победа над Бугарија во Стара Загора

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години продолжува со позитивни...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ташовски најавува максимален пристап: Македонија оди на две победи против Ирска и Луксембург

Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од претквалификациите за Европското првенство 2029...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!