Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јошко Миленкоски: Целта е ново Европско првенство, ќе биде тешко, но одиме со јасна цел!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Селекторот Јошко Миленкоски вчера ја собра македонската одбојкарска репрезентација во Маврово, каде и беше првиот тренинг како официјален почеток на подготовките за претстојниот квалификациски двомеч со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026.

Миленкоски ќе се потпре на проверената гарнитура од Европската Златна лига од минатиот месец, уверувајќи дека токму тие се вистинските за да се оствари целта – четврто учество по ред на континентален шампионат за Македонија.

„Одморот беше краток, можеше да биде и пократок, но моравме да им оставиме малку простор на играчите по напорниот настап во Европската лига. Таму имавме добар резултат, ја задржавме позицијата во Златната лига и следната година повторно ќе се натпреваруваме во тоа друштво“, истакна Миленкоски.

Селекторот додаде дека сега следи многу поважниот дел, бидејќи е потребно да се задржи континуитетот на настапи на Европските првенства.

„Нема да биде лесно. Она што го испуштивме во претходната рунда мора да го надоместиме во Атина, против Грција. Потоа мечот со Грузија во Скопје треба да биде круна и да ни го обезбеди пласманот. Грција е во фокусот, но за жал не зависиме само од себе. Форматот е таков, па треба да се надеваме дека резултатите во другите групи ќе ни одговараат“, рече Миленкоски.

Македонија нема да има долги подготовки, но селекторот најави дека ќе бидат интензивни. Тимот ќе одигра пријателски двомеч со Бугарија, а потоа следува турнирот „Чајка“ како финална проверка, каде противници ќе бидат Бугарија и Швајцарија.

„Ќе биде кратко, но напорно. Мора да мислиме позитивно и да останеме фокусирани на јасната цел – пласман на Европското првенство. Тоа треба да ни биде мотив на секој тренинг и натпревар, особено за првиот дуел со Грција“, порача Миленкоски.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Лисабон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во португалскиот град Лисабон, откако во првото коло...

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!