Македонија Ѓорче Петров го официјализираше новото засилување за нападот. Раководството на „лавовите“ потпиша договор со босанскиот напаѓач Мирсад Рамиќ, кој пристигнува од редовите на Игман Коњиц.
Станува збор за 32-годишен фудбалер со богато искуство, кој првпат во кариерата ќе заигра надвор од родната Босна и Херцеговина. Рамиќ својата професионална кариера ја започна во 2011 година и досега ги носеше дресовите на бројни босански клубови како Тузла Сити, Слобода Тузла, ГОШК Габела, Слога Љубушки, Звијезда Градачац, Железничар, Травник, Горазде.
Македонија ЃП ова лето се засили и со Ристе Јанков, Дарко Глишиќ, Мартин Талаков и Мухамед Елмас, со цел да состави конкурентен тим во ПМФЛ.