Турнири

Втор натпреварувачки ден на „Ораовица 2025“ – Тобако Лени Плус и Црна Река убедливи!

Сподели
Сподели

Втората вечер од турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“ донесе уште една серија возбудливи натпревари со висока резултатска разлика, а неколку екипи веќе ги наметнаа своите амбиции за нокаут фазата.

  • Резултати од 17 јули (Четврток):

Ан-Са и Валаски Злеово – IL-MA Montage 1:8
Импресивно деби за IL-MA Montage, кои ја надминаа конкуренцијата со високи осум погодоци.

ИПА СВР Струмица – Тобако Лени Плус 1:5
Тобако Лени Плус ја потврди својата фаворитска улога во својата група со сигурна победа.

Тобако Лени Плус – Фенербахче 6:1
Со втора победа во ист ден, Тобако Лени Плус стана водечка екипа во групата и покажа дека сериозно атакува на висок пласман.

Штерјов Credy – Црна Река 0:3
Црна Река со сигурна и рутинирана игра го отвори настапот на турнирот со чиста победа.

  • Најава за петок, 18 јули:

20:00 Ел Ко Транс Ораовица – Greens Restaurant (Група В)
21:00 Мече Дел Шпед – Оливер Промет (Група А)
22:00 Еклер Транс Пепелиште – Мече Дел Шпед (Група А)
23:00 Stiff Company – Изведен (Група Б)

Турнирот „Ораовица 2025“ продолжува со интензивно темпо и силна конкуренција, а публиката ужива во секој натпревар!

Спортска Мрежа ќе продолжи да ви носи свежи информации и извештаи од сите натпревари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!