Останато

Скопје и Куманово домаќини на Европскиот младински олимписки фестивал – над 4000 спортисти, од 49 земји!

Сподели
Сподели

Утре, со почеток од 11:00 часот, во Олимпискиот центар „Јане Сандански“ (сала за видео проекции), ќе се одржи официјалната промоција на македонските млади олимпијци и спортски таленти кои ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025

Настанот се организира со цел јавноста да се запознае со најперспективните млади спортисти од различни спортови, кои преку посветеност, дисциплина и напорни подготовки обезбедија место во македонската младинска олимписка делегација.

Нивното учество на ЕМОФ Скопје 2025 е признание за нивниот спортски развој и резултати, но и можност да се натпреваруваат со најдобрите млади спортисти од Европа, да разменат искуства и да го почувствуваат олимпискиот дух.

Оваа делегација ја претставува иднината на македонскиот спорт и олимписко движење, а нивните настапи се инспирација за сите млади спортисти во државата.

Настанот е отворен за медиумите и пошироката јавност, со цел да се даде поддршка и промовираат успесите на овие млади надежи, кои се гордост на Македонија, Скопје и Куманово ќе бидат двата града домаќини кои од 20 до 26 јули ќе бидат центарот на спортските случувања за годинешниот ЕМОФ Скопје 2025, каде во 15 различни спортови ќе се натпреваруваат околу 4000 спортисти на возраст од 15 до 18 години од 49 различни држави.

Овој фестивал е огромна можност за промоција на македонскиот спорт, култура и гостопримство пред цела Европа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата се отвара во сабота односно во термин...

Поврзани написи
Останато

Јана Анастасовска постави нов национален рекорд за девојчиња под 16 години во дисциплината 60 метри со пречки

Младата атлетичарка на АК Куманово, Јана Анастасовска, постави нов национален рекорд за...

Останато

Дарија Крстевска постави нов младински национален рекорд во полумаратон

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на АК Олимп, постави нов национален рекорд...

Останато

Струмица на улица – Sunday run на 1 ноември: Над 250 тркачи веќе се пријавени!

Струмица повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија....

Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Лисабон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!