Турнири

Прв натпреварувачки ден на „Ораовица 2025“ – спектакуларен старт со голови и доминантни победи!

Сподели
Сподели

Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“ започна во голем стил! Првата вечер донесе три возбудливи натпревари, полни со голови, атрактивни потези и силна поддршка од публиката.

Изведен – Јанев Пласт 0:6
Доминација на Јанев Пласт, кој со убедлив триумф ја отвори групната фаза. Од самиот старт наметнаа темпо и безмилосно го казнија секој пропуст на противникот.

Фурна Марфи – Бунарџик 8:0
Екипата на Фурна Марфи покажа класа и со осум голови ја започна својата кампања. Убедливо отворања на турнирот.

Greens Restaurant – Badzo Company 2:4
Највозбудлив натпревар за крај на вечерта – динамичен меч во кој Badzo Company славеше со 4:2, покажувајќи дека оваа година има високи амбиции.

„Ораовица 2025“ започна токму онака како што се очекуваше – со спектакл на теренот и полни трибини. Борбата за првите позиции во групите веќе е во полн ек!

Спортска Мрежа како медиумски покровител ќе продолжи да ги следи сите натпревари и да ви носи резултати, снимки и атмосфера директно од теренот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот клупски ракомет и во регионални рамки. Според статистичкиот преглед на „Балкан...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од важните потези во таа насока е договореното продолжување на соработката со...

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!