Останато

Успешен настап за младиот Андреј Темов на турнир во Дубровник!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Андреј Темов забележа одличен резултат на меѓународниот турнир Дубровник Дуб Боул, кој се играше во две возрасни категории.

Темов настапуваше во конкуренција до 13 години и успеа да стигне до полуфиналето, каде загуби од првиот носител и подоцнежен победник на турнирот, Јухен Лиу од Кина, со 2-0 во сетови (6-2, 6-3).

Македонскиот тенисер одигра одличен турнир, остварувајќи значајни победи. Во осминафиналето го совлада третиот носител Јернер Мариншек од Словенија со 2-0 (6-4, 7-6(2)), а потоа и Јаков Огришек од Хрватска исто така со 2-0 (7-5, 7-5).

Претходно, во групната фаза, Андреј запиша две убедливи победи: над Лука Бох од Словенија со 2-0 (6-2, 6-1) и над Хугас Јургаитис од Литванија со 2-0 (6-2, 6-0). Единствениот пораз во групата му беше од Марко Супица од Словачка, кој славеше со 2-0 (6-3, 6-4).

На истиот турнир во категоријата до 11 години, настапи и македонската тенисерка Јована Атанасовска, која собра меѓународно искуство меѓу своите врсници.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!