Останато

Убедлива победа на Лина Ѓорческа на Челинџер турнирот во Рим!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на импресивен начин го започна настапот на Челинџер турнирот во Рим од серијата WTA 125, со награден фонд од 100.000 евра. Ѓорческа во првото коло лесно се справи со Бразилката Лаура Пигоси, совладувајќи ја со убедливи 2-0 во сетови (6-1, 6-1) по само 87 минути игра.

Во првиот сет Ѓорческа беше доминантна од самиот почеток, брзо поведе со 4:0, а противничката освои само еден гем пред Лина да го затвори сетот со 6:1. И вториот сет имаше сличен тек – по 1:1 во гемови, Ѓорческа влезе во серија и со пет последователни гема стави точка на мечот за конечни 6:1 и 2-0 во сетови.

Утре Ѓорческа е слободна, а во второто коло ќе ја очекува дуел со подобрата од натпреварот меѓу шеста носителка Доминика Салкова од Чешка и Петра Марчинко од Хрватска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!