ФудбалЧетврта лига

Кичево со седум гола ја доби Ускана во ОФЛ Кичево, реми на Колари и Братство

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Со три натпревари вчера започна новата сезона во Општинската фудбалска лига во Кичево или Четврта лига по ранг на натпреварување, а првото коло ќе се комплетира денес со мечот меѓу Ѕиѕа и Бек со почеток од 14 часот.

Најинтересно и највозбудливо беше на мечот меѓу Ускана и Кичево, каде паднаа седум погодоци за триумф на гостинот од 3:4.

По првите 45 минути игра екипата на Кичево имаше предност од 1:3, а во вториот дел продолжија погодоци и неизвесноста. Филип Стојаноски постигна гол во 17. минута за 0:1, а три минути подоцна Улли Челику израмни на 1:1. Сепак по само осум минути игра Стојаноски постигна гол за 1:2, а во 39. минута стрелаше одново за 1:3 на полувреме, со што Стојаноски во првиот дел постигна хет-трик.

На стартот од вториот дел Стојаноски по четврти пат ја стресе мрежата на противникот за 1:4. Ваквиот резултат ја разбуди Ускана која преку Јон Османи во 66. минута намали на 2:4, а во 79. минута преку втор гол на Челику на 3:4. Сепак до крајот од мечот Ускана немаше сили за реми или евентуално изненадување, па трите бодови одат на контото на Кичево.

Екипата на Олимпик Старс со минимални 1:0 славеше над тимот на Гоце Делчево од Другово со гол на Бојан Пејоски во 88. минута од мечот, а истиот беше постигнат од белата точка.

На теренот во Лисичани се одигра мечот меѓу Колари и Братсво кој заврши без победник со четири погодоци за конечни 2:2.

Верим Далипи погоди во 29. минута за 1:0 на полувреме во полза на Колари. Во вториот дел Братство направи комплетен пресврт преку Архим Миртоски за 1:1, а преку Нуре Незироски за пресврт и водство од 1:2. Во 90. минута Ајдин Арслани постигна гол за конечни 2:2.

Колото ќе се комплетира денес во 14:00 часот со мечот меѓу Ѕиѕа и Бек, а во однос на листата на стрелци најдобар е Филип Стојаноски од Кичево со четири погодоци, а два гола има Улли Челику од Ускана, додека пак шест фудбалери се запишаа во листата на стрелци со по еден гол.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди мечот меѓу Силекс и Брера, Доне Ристовски на Тиквеш и Шкендија

Утре со два мечеви се отвара 28. коло во Првата македонска фудбалска...

Фудбал

Масар Омерагиќ: Поддршката од УЕФА и претседателот Чеферин е силен поттик за реформите и развојот на македонскиот фудбал

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот...

Фудбал

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин пристигна во Скопје – голема поддршка за македонскиот фудбал

На покана на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!