Втора лигаФудбал

Стојановски ќе го суди дербито меѓу Брегалница и Кожуф, Ристовски главен во Охрид

Сподели
Сподели

Делегирани судиите за седмата рунда од Втората македонска фудбалска лига, натпревари кои се играат в недела со почеток од 14 часот.

Пларент Салихи ќе биде главен во Радовиш каде ќе играат Детонит Плачковица и Вардар Неготино, Марјан Стојановски ќе го суди дербито во Штип меѓу Брегалница и Кожуф, Сашко Ристов ќе биде главен во Велес каде ќе играат Борец и Скопје, а пак Ндерим Тефику ќе им суди на Македонија ЃП и Осогово.

Боби Величков ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Арсими и Вардарски, Христијан Божиновски ќе им суди на Беласица и Каменица Саса, Доне Ристовски ќе патува во Охрид каде ќе биде главен судија на мечот меѓу Охрид и Новаци, а пак Благојче Ралевски ќе им суди на Башкими и Победа.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 7. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Детонит Плачковица – Вардар Неготино, Пларент Салихи (Тетово)
Брегалница – Кожуф, Марјан Стојановски (Кичево)
Борец – Скопје, Сашко Ристов (Струмица)
Македонија ЃП – Осогово, Ндерим Тефику (Куманово)
Арсими – Вардарски, Боби Величков (Велес)
Беласица – Каменица Саса, Христијан Божиновски (Скопје)
Охрид – Новаци, Доне Ристовски (Гевгелија)
Башкими – Победа, Благојче Ралевски (Битола)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!