Фудбал

Се формираше нов Општински фудбалски сојуз – ОФС Аеродром

Сподели
Сподели

Формиран е нов Општински фудбалски сојуз (ОФС) Аеродром, сојуз кој одлучи да се раздели од ОФС Кисела Вода и да формира сопствен општински сојуз.

ОФС Аеродром веќе е регистриран во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а претседател е Светозар Станковски – поранешен дефанзивец на Балкан, Вардар, Цементарница 55, фудбалер кој зад себе има 5 настапи за македонската фудбалска репрезентација во првата генерација од почетокот на 90-тите години. Станковски е член на Управниот одбор на ФФМ. За секретар на новоформираниот ОФС Аеродром е именуван Дарко Китановски.

Според нашите информации новиот ОФС веќе има обезбедено и сопствена канцеларија за нормално функционирање, а со тоа овој сојуз започнува да ја гради својата историја во македонскиот фудбал и да го даде својот придонес.

Новиот ОФС Аеродром моментално брои неколку клубови, а тоа се поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ кој сега се натпреварува во Трета лига – Север, Аеродром кој е дел од Трета лига – Север, Победа Долно Лисиче која се натпреварува во ОФЛ Кисела Вода, Слободен кој се натпреварува во ОФЛ Кисела Вода, односно Четврта лига по ранг на натпреварување, потоа ЖФК Слободен кој се натпреварува во Втората женска фудбалска лига, како и новоформираниот ЖФК Аеродром.

ОФС Аеродром веќе ја спроведе и првата акција, откако сите клубови кои припаѓаат на новоформираниот Општински фудбалски сојуз добија донација од нови топки за натпревари од страна на ФФМ.

Клубовите кои се натпреваруваат во Општинската лига или Четврта лига по ранг на натпревари кои гравитираа во ОФС Аеродром и во следната сезона 2025/2026 ќе се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига (ОФЛ) на Кисела Вода, додека пак од сезона 2026/2027 во план е формирање на обединета Скопска лига и формирање на Втора Скопска лига или петта лига по ранг на натпреварување, систем на натпреварување кои функционирање пред нешто повеќе од две децении односно на почетокот на 2000-те години.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!