Останато

Берк Бугариќ нов државен шампион во тенис!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Берк Бугариќ, стана новиот државен шампион во тенис откако вчера во финалето на Државното првенство го победи својот репрезентативен колега, младиот Кристијан Јанев. Бугариќ доминантно ја оправда фаворитската улога и го совлада ривалот со убедливи 2-0 во сетови (6-2, 6-0).

За двата тенисери ова беше прво финале на државното првенство, а Бугариќ со оваа победа го потврди својот статус на најдобар во земјата.

Покрај оваа титула во поединечна конкуренција, Бугариќ вчера ја освои и титулата во конкуренција на двојки заедно со Елдин Хусеиновиќ, со што стигна до двојна круна на оваа годинашна турнирска сцена.

Во конкуренција кај жените, шампионка е Александра Симева, која ја одбрани титулата откако беше подобра од Теона Андова.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!