ЕП 2025 жениФудбал

Трето коло по групи на ЕП за жени 2025: Драма до последен момент

Сподели
ФОТО: UEFA Women's EURO 2025 | facebook
Сподели

Во третото и решавачко коло од групната фаза на Европското првенство во фудбал за жени 2025, беа одлучени последните четвртфиналисти. Натпреварите донесоа многу голови, изненадувања и историски пласмани. Еве преглед по групи:

  • Група A

Финска 1–1 Швајцарија

Гол:

Финска : 79′ Куика

Швајцарија:90+’ Џемаили

Натпревар исполнет со тензија, особено во завршницата кога Швајцарките агресивно напаѓаа.

Финска поведе со гол од пенал но, домаќинот Швајцарија изедначи во 92-та минута, што им донесе пласман во четвртфинале.

Норвешка 4–3 Исланд

Гол:

Норвешка:15′,26′ Гаупсет

49′,76′ Леонхардсен

Исланд: 6′ Јонсдотир

84′ Еириксдотир

90+’ Вигосдотир

Скандинавски натпревар со многу голови. Норвешките фудбалерки го завршија групниот дел со максимални 9 бода.

Држава Бодови
Норвешка 9
Швајцарија 4
Финска 4
Исланд 0
  • Група Б

Белгија 2–1 Португалија

Гол:

Белгија: 3′ Вилаерт

90+’ Кајман

Португалија: 87′ Енкарначо

Белгија конечно дојде до победа, но премногу доцна за пласман понатаму. И двете репрезентации ги спакуваа куферите за дома.

Италија 1–3 Шпанија

Гол:

Италија: 10′ Оливеиро

Шпанија: 14′ Дел Кастиљо

49′ Гијаро

90+’ Естер гонзалес

Шпанија повторно доминираше и го заокружи совршениот учинок со трета победа. Италија поведе, но Шпанија направи целосен пресврт и со максимален учинок влегува во четвртфиналето. Италија, и покрај поразот, остана втора во групата и се пласираше во четвртфинале.

Држава Бодови
Шпанија 9
Италија 4
Белгија 3
Португалија 2
  • Група Ц

Полска 3 –2 Данска

Гол:

Полска: 13′ Падила

20′ Пајор

76′ Ванковска

Данска: 59′ Томсен

83′ Брун

Полска дојде до првата победа на првенството, но недоволна за пласман. Натпреварот беше отворен и динамичен, со голови на двете страни. Голот за одлука Полска го погоди во 85-та минута за конечни 3–2.

Шведска 4–1 Германија

Гол:

Шведска: 12′ Блекштениус

25′ Холиберг

34′ Ролфо (пен)

80′ Хуртиг

Германија: 7′ Бранд

Шведска ја декласираше Германија во директниот дуел за првото место. Германија го започна мечот силно, но по првиот гол на Шведска, темпото целосно се смени. Победата ѝ донесе на Шведска максимални 9 поени и лидерска позиција.

Држава Бодови
Шведска 9
Германија 6
Полска 3
Данска 0
  • Група Д

Холандија 2– 5 Франција

Гол:

Холандија: 26′ Пелова

41′ Баша (а.г.)

Франција: 22′ Толети

61′ Катото

64′,67′ Каскарино

90+’ Карчуои (пен)

Франција ја продолжи својата доминација со трета убедлива победа. Натпреварот се играше на дождлив терен, но тоа не ги спречи Французинките да постигнат пет гола.Каскарино блесна со два гола и една асистенција. Франција ја затвори приказната по групи со максимален учинок.

Англија 6 –1 Велс

Гол:

Англија: 13′ Стенвеј

21′ Тун

30′ Хемп

44′ Русо

72′ Мид

89′ Бивер-Џонс

Велс: 76′ Каин

Англичанките одиграа импресивен меч и ја запечатија втората позиција во групата. Велс не успеа да го издржи интензитетот и го заврши натпреварувањето со три порази.

Држава Бодови
Франција 9
Англија 6
Холандија 3
Велс 0
  • Четвртфинални натпревари:

Норвешка – Италија

16 јули 2025 | 21:00 часот

Шведска – Англија

17 јули 2025 | 21:00 часот

Шпанија – Швајцарија

18 јули 2025 | 21:00 часот

Франција – Германија

19 јули 2025 | 21:00 часот

  • Листа на најдобри стрелци:
Играчи Голови
Естер Гонзалес 4
Алексија Путељас 3
Лорен Џејмс 2
Горгија Стенвеј 2
Ела Тун 2
Леа Шилер 2
Стина Блекштејниус 2

Гордана Кочева, Спортска Мрежа

 

Сподели
Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!