ИнтернационалциФудбал

Бехар Абдули е нов скаут на Лапи од Косово за играчи од Македонија!

Сподели
Сподели

Поранешниот голман, Бехар Абдули ќе има нова улогата во фудбалот, тој е назначен за нов скаунт за играчи во Македонија во екипата на Лапи од Косово.

ФК Лапи се натпреварува во Суперлигата на Косово, а со назначувањето на Абдули ќе стави акцент на ангажман на играчи од Македонија.

Клубот исто така става акцент и на младите фудбалски таленти, па токму затоа Абдули ќе биде задолжен да селектира млади и талентирани играчи од Македонија, кои би имале голем потенцијал и ќе може да ја развиваат кариерата во Лапи.

Абудли е од скопско Сингелиќ, а во својата кариера како професионален голман ги чуваше мрежите на Маџари Солидарност, Плачковица од Радовиш, Гоблен Јуниор, Фортуна, Гостивар, Влазниа од Пожеран (Косово) и Башкими Љуботен.

Исто така, Абдули неколку години беше соработник во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во улога на дел од менаџерскиот тим.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!