Турнири

ФОТО: Познати се полуфиналистите на Петровденскиот турнир – дерби вечер во сабота под рефлектори во Конче

Сподели
Сподели

Со одигрување на последниот четвртфинален натпревар, комплетирани се полуфиналните двојки на 28. издание од „Петровденскиот турнир“ во мал фудбал, кој се одржува под рефлектори во Конче. Екипите кои остануваат во трката за трофејот се веќе познати, а вечерта во сабота ветува вистински фудбалски спектакл.

Фреинт Оне – Наум Техника 5:2
Во последниот четвртфинален дуел, екипата на Фреинт Оне ја совлада Наум Техника со сигурни 5:2, обезбедувајќи пласман меѓу четирите најдобри.

Полуфинале – Сабота (12 јули):
20:00 | Финале – Детска лига:
Конче – Кристофер Киснер
Младите надежи на турнирот ќе се борат за титулата во детската категорија, во пресрет на големата сениорска вечер.

21:00 | Полуфинале:
Фурна Марфи – Фреинт Оне
Радовишко дерби помеѓу две силни и искусни екипи. Фурна Марфи игра во одлична форма, но Фреинт Оне има големо искуство со голема тимска хемија и на себе ќе ја има улогата на фаворит.

22:30 | Полуфинале:
Фенербахче Струмица – Фенербахче Кичево
Супер-дерби со два офанзивни гиганти кои досега имаат постигнато вкупно 20+ гола во турнирот. Очекувањата се за спектакл.

  • Награди за публика и трки по повод Петровден

Организаторот ФК Серта – Конче продолжи со подароци за публиката. Овојпат, наградите беа свечено доделени лично од градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов, што е дополнителен симбол на поддршка за спортот и заедницата.

  • Вечерва беа одржани и трките по повод празникот на општината – Петровден (12 јули):

Мажи над 14 години:

🥇 1. Горан Стојанов – 10.000 денари

🥈 2. Ќани Пашов – 8.000 денари

🥉 3. Антонио Јанев – 4.000 денари

Мажи до 14 години:

🥇 1. Димитар Атанасов – 8.000 денари

🥈 2. Мерт Баров – 5.000 денари

🥉 3. Кристијан Атансов – 3.000 денари

Жени до 14 години:

🥇 1. Спасија Василева – 8.000 денари

🥈 2. Леонора Миланова – 5.000 денари

🥉 3. Памела Ристов – 3.000 денари

  • Конче живее со фудбалот

Општина Конче и годинава покажа силен ангажман во организацијата на најголемиот спортски настан во регионот. Покрај натпреварите, преку награди, програми за деца, трки и културни настани со музички дел, „Петровденскиот турнир“ претставува вистински спортски фестивал за целата заедница.

Финалето е закажано за недела, 13 јули, по кое ќе биде извршена официјалната церемонија на доделување на пехарите и индивидуалните признанија.

Спортска Мрежа како медиумски покровител останува на терен до последниот свиреж.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!