Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Маџунков се враќа во составот, Македонија подготвена за евро-квалификациите во одбојка!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Средниот блокер Филип Маџунков ќе му биде на располагање на селекторот Јошко Миленкоски за престојните квалификациски натпревари против Грција и Грузија во рамки на борбата за пласман на Европското првенство 2026.

Името на Маџунков е меѓу 16-те повикани одбојкари кои на 17 јули ќе ги започнат подготовките во Маврово. Тој ја пропушти првата летна репрезентативна акција поради интервенција на коленото, но по успешната рехабилитација се враќа во националниот тим.

Селекторот Миленкоски останува доследен на составот кој настапуваше во Европската Златна лига 2025. На списокот повторно се најдоа репрезентативците од шампионот Струмица 47&72 и освојувачот на Купот – Штип УГД, како и интернационалците браќата Ѓоргиеви, Љафтов, Савовски, Костиќ, Илиев и Ефремов.

Подготовките стартуваат на 17 јули и ќе траат десет дена во Маврово, по што од 28 до 30 јули ќе следи пријателска пресметка со Бугарија во Софија. Финалната фаза од подготовките ќе се одвива во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, каде од 5 до 7 август ќе се одржи 49. издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ со учество на Македонија, Бугарија и Швајцарија.

Првиот квалификациски натпревар Македонија го игра на 13 август во Атина против Грција, додека последниот меч од циклусот ќе се одигра на 17 август во Скопје, со почеток во 20 часот, против селекцијата на Грузија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!