Македонскиот офанзивец Љупче Дориев продолжува со импресивните настапи во шампионатот на Узбекистан, каде е еден од најважните фудбалери во тимот на Согдиана.
Во 15. коло, Дориев беше играчот на одлука во триумфот од 2-1 против Коканд 1912. Тој ги постигна двата гола за својот тим – првиот од белата точка во 35. минута, а вториот на самиот крај од првото полувреме, осигурувајќи предност која на крај се покажа како клучна.
Фантастичната партија не остана незабележана – Дориев беше избран за најдобар играч на колото во елитната узбекистанска лига. Со ова, 29-годишниот поранешен фудбалер на Шкендија и Брера, ја потврди својата форма со вкупно 9 гола и 3 асистенции во досегашниот дел од сезоната.