ИнтернационалциФудбал

Вардар пресилен против Ла Фиорита – гледа кон следна фаза во КЛ, порази за Работнички и Силекс!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Вардар со една нога е во следната фаза од квалификациите на Конференциската лига на УЕФА, откако вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со убедливи 3:0 го декласираше тимот на Ла Фиорита од Сан Марино.

По чистите мрежи во првиот дел (0:0) на стартот од вториот дел Азер Омерагиќ погоди за отварање на резултатот и водство на Вардар од 1:0.

Потоа следуваа два нови погодоци на Вардар, откако Мацоти си постигна автогол по ударот на Јанкулов, а потоа Роџерс Мато постигна гол за конечни 3:0.

ФОТО: Спортска Мрежа

Работнички и Силекс загубија на првите натпревари во квалификациите за КЛ.

Тимот од Дебар Маало доживеа пораз во Унгарија од Торпедо Бегаз со резултат од 3:0. Резултат на стадионот на Халадаш го отвори Павел Седко, а во вториот дел погоди Вадим Побудеи за двојна предност од 2:0.

Во финишот од мечот Стефен Алфред погоди за конечни 3:0, а ваквиот резултат ќе биде невозможна мисија за Работнички да дојде до предност од четири гола на домашен терен за да помине во следна фаза.

Силекс загуби од екипата на Дечиќ во Црна Гора со резултат од 2:0. Андреј Бајовиќ постигна гол во 39. минута за отварање на резултатот и водство на домаќинот од 1:0 на полувреме. На стартот од вториот дел македонскиот прволигаш од Кратово остана со играч помалку на теренот, откако Мартин Мирчевски заработи црвен картон.


Предноста од играч повеќе на теренот ја искористи Дечиќ кој преку Ибрахима Ендиаје постигна гол во 70. минута за конечни 2:0.

Реванш средбите се за седум дена. Силекс и Работнички ќе играат во Скопје, додека пак Вардар ќе гостува.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!