Ракомет

Мартин Томовски нов голман на германскиот тим Битигхајм

Сподели
Сподели

Македонскиот ракометен голман Мартин Томовски од денес е ново засилување за германскиот тим Битигхајм, кој следната сезона ќе настапува во Втората Бундеслига.

Томовски, кој досега бранеше за Потсдам, стави потпис на договор со важност до 2027 година. Својата кариера ја започна во редовите на Металург, каде што стекна драгоцено европско искуство настапувајќи во Лигата на шампионите. Во 2019 година направи трансфер во германскиот Лудвигсхафен, а по две сезони се врати во татковината и го засили Вардар. Со „црвено-црните“ во 2022 година ги освои шампионската титула и Купот на Македонија.

Со неговиот потпис, Битигхајм јасно сигнализира дека амбициозно влегува во сезоната со цел враќање меѓу најдобрите германски клубови.

„Со ангажманот на Мартин добивме интернационално искусен голман, кој веќе покажа дека може да брани на високо ниво во Бундеслигата. Тој остави одличен впечаток и на теренот и надвор од него, и веруваме дека ќе биде клучен играч во нашата мисија за враќање во Првата лига“, изјави извршниот директор на клубот, Бастиан Шпајлингер.

Членот на македонската репрезентација, кој има настапи на СП 2021 и ЕП 2024, не го криеше задоволството од новата страница во својата кариера:

„Среќен сум што доаѓам во Битигхајм. Минатата сезона имав можност да играм против нив и веднаш ги препознав квалитетите на тренерот Икер Ромеро. Разговорот со него беше пресуден – имаме исти цели и јасно дефиниран план, затоа сум уверен дека направив вистински избор“, рече Томовски.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија и по само една сезона се враќа во елитното друштво. Поранешниот...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на...

Ракомет

Ојлески: „Ќе дадеме сè од себе за европско финале“ – Охрид пред најголемиот испит!

Ракометна вечер исполнета со емоции, борбен дух и верба во историски успех...

Ракомет

Јагуриноски пред реваншот:„Играме дома и ќе дадеме максимум!“ – Охрид со срце кон финале!

Охрид е пред уште една историска вечер – европско полуфинале кое носи...

Ракомет

Златен блесок за Македонија: кадетите светски шампиони во училишен ракомет!

Машката кадетска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Горан Кузманоски, стигна до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!