Турнири

Хотел Инекс Олгица и Кафе Бар Коко обезбедија пласман во четвртфиналето на турнирот „Петровден 2025“ во Мешеишта

Сподели
Сподели

Осминафиналната фаза на турнирот „Петровден 2025“ влегува во завршница – вечерва добивме уште два четвртфиналето. Натпреварите понудија драма, ефикасност и голема фудбалската магија во Мешеишта.

  • Резултати – 1/8 финале (понеделник, 7 јули):

Хотел и Спа Инекс Олгица одигра атрактивен меч и со 4:3 го победи борбениот тим на Мексико, осигурувајќи си место во четвртфиналето. Кафе Бар Коко го демонстрираше својот напад и го декласираше тимот на Вила Мина – Ќе има се со убедливи 7:1

Со овие резултати, веќе се познати шест од осум четвртфиналисти, а утре (вторник, 8 јули) ќе бидат познати и последните два патника во четвртфиналето.

  • Распоред – вторник, 8 јули (осминафинале):
    21:00 | Гостилница Кај Мече – Кафе Бар 9
    22:00 | Сатеска – Чардак Велгошти

Конкуренцијата е силна, теренот жежок, а трибините полни – турнирот „Петровден 2025“ влегува во најжестоката фаза! Спортска Мрежа и понатаму со целосна медиумска поддршка, извештаи и атмосфера – останете со нас до финалето!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!