ФудбалФутсал

Шампионот Форца наскоро започнува со подготовки за новата сезона и предизвиците во квалификациите во ЛШ!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Македонскиот футсал шампион Форца од Куманово наскоро ќе ги стартува подготовките за новата натпреварувачка сезона, која ќе биде исполнета со амбиции – како на домашната сцена, така и во елитното европско натпреварување, односно квалификациите во футсал Лига на шампиони на УЕФА.

Според најавите од клубот, почетокот на тренинзите е блиску, а фокусот е насочен кон изградба на квалитетен и обединет колектив, подготвен да одговори на сите предизвици што претстојат. Форца ќе се стреми кон повторување и надминување на претходниот успех, задржувајќи го јадрото од актуелните играчи кои беа клучна фигура во освоената двојна круна.

Во наредниот период, се очекуваат официјални соопштенија од клубот во врска со продолжување на договорите од сегшниот ростер, со цел одржување на стабилност и континуитет во тимот.

Покрај домашниот кадар, Форца е во напредна фаза на преговори со странски засилувања, играчи со сериозно меѓународно искуство кои доаѓаат од земји со силна футсал традиција. Овие имиња треба да донесат дополнителен квалитет, интензитет и лидерство – и ќе бидат дел од долгорочната стратегија на клубот.

Клубот веќе се подготвува за организацијата на Лигата на шампиони во Куманово, што претставува голем спортски и логистички предизвик, но и уште една потврда за сериозноста на Форца.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!